Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Џејдон Санчо ќе добие нова улога во играта на Манчестер Јунајтед
    Фудбал

    Џејдон Санчо ќе добие нова улога во играта на Манчестер Јунајтед

    risteBy riste10/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Џејдон Санчо, за кого Манчестер Јунајтед летото плати 73 милиони фунти, се подготвува за нова улога во тимот на Оле Гунар Солскјер.

    Во последните две недели, 21-годишниот крилен напаѓач беше вклучен како крилен бек и наскоро може да биде искористен на овој начин во натпреварите на „црвените ѓаволи“. По тешкиот пораз од Ливерпул, Солскјер реши да ја промени шемата на игра и да се префрли на 3-4-1-2 со тројца централни дефанзивци и двајца крилни бекови. Арон Ван-Бисака, кој игра на десната страна, е критикуван за офанзивниот настап, додека во ретки случаи кога е на теренот, Санчо вложува многу енергија во дефанзивата, па има одредена логика во таквиот потег.

    Сепак, фановите на Јунајтед се помалку оптимисти околу оваа информација, бидејќи сметаат дека ставањето на Санчо во ваква нетипична улога е само уште еден доказ за хаосот кој владее во последно време.

    Од почетокот на сезоната, Санчо учествуваше на вкупно 13 натпревари во сите натпреварувања, на кои, сепак, на теренот беше само 564 минути. Поради тоа, тој не се најде на списокот на Герет Саутгејт за претстојните квалификации за Светското првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.