Екипата на ПСЖ ја разгледува можноста да го привлече 33-годишниот фудбалер на Ливерпул Џејмс Милнер, кој влегува во последните месеци од својот договор со Ливерпул, тврди весникот „Ле Паризиен”, цитиран од англиските медиуми.
Според изданието, притиснати од Финансискиот ферплеј, ПСЖ презеле промена во трансферната политика. Отсега тие прво ќе ги продаваат непотребните играчи, а во меѓувреме ќе прават поевтини купувања. Меѓу нивните цели се Алан од Наполи, како и слободни играчи Андер Ерера од Манчестер Јунајтед и Филипе Луис од Атлетико Мадрид.
Се споменуваат и имињата кои треба да заминат од ПСЖ ова лето, а тоа се Адриен Рабио, Јулијан Дракслер, Тома Муние, Лајвин Курзава, Ерик Максим Чупо-Мотинг и Стенли Нсоки.