Поранешниот фудбалер на Арсенал Џек Вилшир би можел повторно да го облече дресот на „топџиите“, објавија одредени медиуми во Англија кои сметаат дека Микел Артета е идеален менаџер за да му ја врати кариера на вистинскиот пат на овој играч.
Англичанецот беше ослободен од Вест Хем на крајот од последниот ден од преодниот рок, откако двете страни се согласија да го раскинат неговиот договор. На Вилшер му остануваше една година од неговиот договор вреден 100.000 фунти неделно, но раководството на клубот му плати за да си замине.
Тоа значи дека 28-годишниот играч оваа сезона останува без клуб.
Повредите го следеа играчот за врска во текот на целата негова кариера,а со тоа не можеше да го покаже својот потенцијал. Според истите информации Артета би го земал во Арсенал за да го користи во Лига Европа и Куп средбите, а со тоа да ги одмара останатите играчи од средниот ред кои ќе го носат товарот во Премиер лигата.

