Един Џеко и официјално се сели во Турција. Фенербахче денеска со клупско соопштение потврди дека исклусниот голгетер во новата сезона ќе го облече дресот на славниот турски состав од Истанбул.
По две сезони, напаѓачот како слободен играч се збогува со Интер и е подготвен да започне нова авантура.
„Един Џеко ќе дојде во Истанбул да ги помине здравствените контроли и да го комплетира трансферот. Потоа ќе го преставиме пред навивачите и јавноста“, се вели во соопштението кое го објави турскиот клуб.