Един Џеко и Стефан Ел Шарави ќе бидат надвор од игра три недели, пишува „Скај Италија“. Од Рома се надеваат дека двајцата нивни фудбалери ќе бидат целосно вратени во тренажен процес за натпреварот против Јувентус.
Во моментов, Рома се соочува со сериозни проблеми со казнети и повредени фудбалери. Рома ќе биде ослабена во претстојното дерби со Интер во недела. Тренерот Еузебио ди Франческо нема да може да смета и на Лоренцо Пелегрини и Даниеле Де Роси, кои исто лекуваат од повреди.
Позитивните вести се дека вчера на тренингот на тимот се вратиле Аргентинците Диего Пероти и Хавиер Пасторе, кои ќе бидат во составот за натпреварот со „нероазурите”.