Напаѓачот на Рома, Един Џеко е повреден и ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на Босна и Херцеговина против Финска и Грција.
Џеко доби удар и ја повреди јаболчната коска на мечот кој Рома го одигра против Каљари и нема да и биде на располагање на Босана и Херцеговина за дуелите со Финска и Грција кој се играат следните денови.
Уште еден играч на Рома, Алесандро Флоренци, е болен од грип и нема да закрепне за натпреварите на италијанската репрезентација со Грција и Лихтенштајн. Италија може да обезбеди пласман на ЕУРО 2020 по натпреварот против Грција во Рим оваа сабота.