Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, по вчерашниот тежок пораз на домашен терен од Португалија со 5-0, вели дека неговата селекција дури добро поминала резултатски.
„Кога ќе примите гол во 3-та минута, нозете почнуваат да ви се тресат. Прелесно примавме голови поради индивидуални грешки. Како започна, на крајот добро и завршивме со пет гола во мрежата.“ – вели Џеко.
„Веќе немаме шанси преку квалификациите, ни преостанува уште баражот од Лигата на нации. Се надевам дека тогаш ќе бидеме комплетни и дека ќе се пласираме на Европско првенство“ – изјави Џеко.

