Интернационалецот од БИХ, Един Џеко, ги договорил личните услови со првите луѓе на Фенербахче, објавија денеска медиумите во Турција.
Корпулентниот фудбалер треба да ја одработи последната сезона до договорот со Рома, но, откако новиот тренер Мурињо, нагласи дека не го планира, најверојатно ќе добие дозвола да си замине.
Во моментов нема конкретна информација колку би платиле Турците за 35 годишниот ветеран кој имаше понуди и надвор од Европа.
