Напаѓачот на Интер, Един Џеко е блиску до враќање во англиската Премиер лига. Според весникот „Газета дело Спорт“ за неговите услуги се заинтересирани Евертон и Вулверхемптон.
Интер е подготвен да се раздели со 36-годишниот Џеко за да го ангажира поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала. Актуелниот договор на Един со миланскиот клуб е до летото 2023 година.