Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Един Џеко, проговори за неговата иднина во дресот на Рома.
Напаѓачот кој треба да ја одработи последната година од договорот со екипата од „Олимпико“, постојано се поврзува со одредени шпекулации дека може да го напушти италијaнскиот состав.
„Уморен сум од сите шпекулации поврзани со моето име. Сега размислувам само за Рома и за ништо друго“ – истакна Џеко за – „Скај Спорт Италија“.