Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Џеко се премислил , сака да се врати во Премиер лигата
    Фудбал

    Џеко се премислил , сака да се врати во Премиер лигата

    risteBy riste16/10/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Рома Един Џеко сака да се врати во Премиер лигата, иако само пред околу една година го одби трансферот во Челзи и се определи да остане на „Олимпико”.

    Сепак, според англискиот весник „Мирор“, тој се премислил и сака да продолжи да игра на Островот повторно во јануари, каде што претходно ги бранеше боите на Манчестер Сити.

    Интерес кон него не недостасува и неговото име се поврзува со релативно скромни тимови како Саутемптон, Кардиф и Кристал Палас кои се подготвени да платат добра сума за да го привлечат во своите редови во зимскиот трансфер период.

    Сите три екипи имаат проблеми со постигнување на голови и со ангажманот на Босанецот гледаат потенцијално решение за нивните проблеми во нападот.

    Џеко не е во најдобра форма и успеа да постигне само два гола во седум натпревари во италијанската Серија „А“ оваа сезона, но затоа покажува дека ја подигра формата со настапите за својата селекција БиХ  каде синоќа постигна два гола за победата од 2:0 против Северна Ирска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Шкрињар ќе остане професионалец до крај

    02/02/2023

    Нов тежок удар за Јуве!?

    02/02/2023

    Гринвуд не бил виновен

    02/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давитков се врати во татковината
    • Шкрињар ќе остане професионалец до крај
    • Нов тежок удар за Јуве!?
    • Гринвуд не бил виновен
    • „Светците“ останаа времено без првата ѕвезда
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.