Напаѓачот на Челзи, Николас Џексон зборуваше за неговата адаптација во тимот, како и за позицијата. Челзи моментално е на деветтото место на табелата во Премиер лигата.
„Малку е различно од Шпанија, но јас се адаптирав многу добро. Тренерот и клубот ми помагаат. Многу сум среќен, но беше тешко затоа што би сакале да влеземе меѓу првите четири или три, но во моментов сме на средината на табелата.
Ќе работиме напорно за да завршиме со пласман во европските купови. За среќа сега сме во добра форма и сигурен сум дека следната сезона ќе биде многу подобра од оваа.
Секогаш можете да се подобрите. Дури и да постигнам 30 или 40 гола, сепак би можел да се подобрам. Ќе продолжам да работам напорно за да се подобрувам секој ден и да давам се од себе за доброто на тимот и клубот“, изјави Џексон на официјалната веб-страница на Челзи.