По само два дена откако објави дека веќе нема да го води Наполи, Џенаро Гатузо веќе си најде нова работа.
Досегашниот тренер на Наполи во следната сезона ќе седне на клупата на Фиорентина и ќе го води овој тим од Фиренца. Фиорентина одигра сезона која сака што поскоро да ја заборави зато ашто влегоа со амбиции з апласман во Европа, а завршија со борба за опстанок.
Поранешниот играч на Перуџа, Ренџерс, Салернитана, Милан и Сион во својата тренерска кариера беше на клупата на Сион, Палермо, Пиза, ОФИ, Милан и Наполи. Ова ќе биде уште еден нов предизвик за Гатузо кој во кариерата како играч освоои многу трофеи со Милан, а како тренер го освои Купот на Италија со Наполи.

