Италијанскиот шампион Јувентус конечно се договори со Џенова за голманот Матија Перин, кој ќе го чини 15 милиони евра. Веста ја пренесоа повеќе италијански изданија
Јасно е дека чуварот на мрежата ќе биде замената за Џанлуиџи Буфон, кој го напушта тимот и за минува во пензија, а во исто време, Јуве ќе добие силна конкуренција за стартното место во тимот бидејќи веќе го има резервистот Војчех Шчесни.
Според постигнатиот договор, Џенова најпрво ќе добие 12 милиони евра, а останатите три ќе бидат исплатени во вид на бонуси. Перин се очекува во петок да дојде во базата на Јувентус и да ги мине лекарските прегледи.