Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев кој официјално ја заврши репрезентативната кариера со настапот на ЕП ќе треба да одлучи дали ќе продолжи да настапува за Џенова во наредната сезона.
По пристигнувањето во Македонија по настапот на ЕП, Горан пандев изјави дека нема добиено понуда за нов договор со Џенова, а на тоа веднаш реагираше тренерот на Џенова, Балардини кој нагласи дека Пандев мора да продолжи барем уште една година. По се ова следуваше реакцијата на Џенова, која му понудила и официјално нов договор на Горан Пандев, па така сега на потег е нашиот фудбалер.
Веројатно деновиве Горан Пандев ќе ја донесе одлуката дали ќе игра уште или пак и дефинитивно ќе ја заврши својата професионална фудбалска кариера.

