Италијанскиот прволигаш Џенова го финализираше трансферот на играчот од средниот ред на Ајакс, Ласе Шене.
Данскиот репрезентативец беше подложен на лекарски прегледи и потпиша договор со тимот од Џенова. Според извештаите на италијанските медиуми, износот на трансферот е 1,5 милиони евра.
33-годишниот Шене целата своја кариера ја помина досега во Холандија – потекнува од фудбалската школа на Херенвен, а настапуваше за екипите на Де Графшап, НЕК Нејмеген и од 2012 година во Ајакс.