Тренерот на фудбалерите на Џенова, Алберто Џилардино, изрази разочарување од досудениот пенал за Интер на вчерашниот меч во Милано иако ВАР ја прегледа ситуацијата. „
На теренот не изгледаше како пенал и откако ја видовме снимката сега сме сигурни во тоа. Кога судијата беше повикан од ВАР, требаше да ја преиспита одлуката но, не го стори тоа. Да речеме дека е сомнително“ – вели Џиралдино.
„Со достапен ВАР, судиите на теренот мора да запрат, дури и ако прегледот трае неколку минути. На крајот на краиштата, тие се луѓе и секој може да направи грешка“ – потенцираше тренерот на Џенова.

