Астон Вила по поразот од Фулам со 3-0 му врачи отказ на тренерот, Стивен Џерард. Иако легендарниот фудбалер претходно ја доби поддршката од челниците, последниот неуспех дефинитивно ја прели чашата и соработката е прекината.
– Сакаме да му се заблагодариме на Стивен Џерард за напорната работа и посветеноста“ – објави тимот од Англија.
Екипата од Бирмингем допрва ќе го одреди наследникот на Стиви-Џи.