Крилниот фудбалер на Арсенал, Бакајо Сака, по натпреварот со Астон Вила, се пожали дека морал да побара од судијата поголема заштита бидејќи противничките фудбалери биле груби во стартовите.
На тоа денеска одговри тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард, кој очигледно не е задоволен од изјавата на 20-ет годишниот фудбалер на „топчиите“.
„Дали навистина рече дека сме премногу груби? Слушајте, тоа е дел од играта. Имам 16 операции, во моментов не можам да одам ни во теретана. Сето тоа е дел од фудбалот во Англија“ – изјави поранешниот капитен на Ливерпул.