Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Дефо речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во Англиската Лига 1 – третото ниво на фудбалски лиги во Англија.
39-годишниот напаѓач е пред договор со Оксфорд Јунајтед. Се очекува ветеранот да потпише договор до крајот на сезоната, а потоа да одлучи дали ќе се откаже од фудбалот.
Дефо е слободен играч од почетокот на годината. Тој претходно го носеше дресот на Ренџерс и одигра вкупно 74 натпревари и постигна 32 гола за шкотскиот гигант. Најдобриот период во кариерата на Дефо беше во Тотенхем. Напаѓачот беше дел од оваа екипа во периодот од 2009 до 2014 година. За репрезентацијата на Англија има и 57 натпревари со постигнати 20 гола.
Оксфорд Јунајтед е на 7. место во Лига 1 и се бори за промоција во Чемпионшип лигата.

