Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард го демантираше менаџерот Ралф Рангник, кој вчера прокоментира дека играчот побарал неколку дена одмор за психички да се одмори.
Се претпоставува дека тоа се должи на фактот што во последниот преоден рок на фудбалерот не му беше дозволено да замине од клубот. „Претпоставувам дека во понеделник ќе се врати на тренинзите и ќе биде дел од тимот“, изјави германскиот тренер.
Меѓутоа, на својот Твитер профил, неколку часа подоцна, Лингард го напиша следново: „Клубот ме советуваше да одморам малку од лични причини! Но, мојата глава е чиста и секогаш ќе бидам професионалец кога ќе бидам повикан да играм, давајќи 100% од себе“ напиша Лингард.
Во последните денови на трансфер пазарот, Лингард беше баран од Њукасл, но поради тоа што се случи со Мејсон Гринвуд и раскинувањето со некои други играчи, Рангник реши да го задржи овој играч во клубот.