Џеси Лингард ги разгледува сите опции за да игра во Премиер лигата, Азија, а преселбата во МЛС е надвор од секој план, објави „ЕСПН“. 29-годишниот фудбалер ќе донесе одлука за својата иднина до крајот на неделата. За него се заинтересирани Вест Хем, Евертон, Тотенхем и Нотингем Форест.
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, исто така, размислува за профитабилни понуди од ОАЕ и Саудиска Арабија, а преселбата во МЛС е исклучена. Лингард стана слободен играч на крајот на јуни.
Тој тренираше сам за време на летната пауза и по потписот ќе му се приклучи на својот нов клуб. Тој сака да добие голема минутажа и да се обиде да се врати во репрезентацијата на Англија за Светското првенство во Катар во 2022 година.

