Фудбалскиот состав на Вардар под диригентската палка на новиот кормилар, Никола Илиевски- Џиџи денеска ги започна мини-подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Заедно со поголемиот дел од младинскиот погон тренираа и поискусните: Филип Илиќ, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов и Виктор Велкоски. Помошници на Илиевски ќе бидат поранешните капитени на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Никола Глигоров, Филип Ивановски, тренер на голманите останува Саша Илиќ додека за кондициската подготовка ќе биде задолжен Михајло Шејкероски.
Првиот тренинг беше одржан на теренот на Фудбалската Академија на Вардар во Градски парк. Претходно беа направени тестови за Ковид-19, стои во објавата на официјалната интернет страница на ФК Вардар.

