Италијанскиот фудбалер и освојувач на титулата светски шампион во 2006 година, Алберто Џилардино, одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера на возраст од 36 години.
Ветеранот успешно ги поминал тренинзите минатото лето, планираше да остане на теренот уште една година, но сега донел нова одлука. Напаѓачот, кој постигна 273 гола во својата кариера, добил понуда да игра за екипата од третата лига Про Пјаченца. Џилардино одлучил да го одбие договорот со тимот и да стави крај на кариерата, објави „Гасета дело Спорт“.
Напаѓачот постигна 188 погодоци во Серија А, а со тоа го надмина легендарниот Габриел Батистута. Џилдарино, исто така, ја освои Лигата на шампионите со Милан во 2007 година.
Во неговата кариера го носеше дресот на многу познати клубови Пјаченца, Верона, Парма, Милан, Фиорентина, Џенова, Палермо, Емполи, Пескара, Специја и Болоња.