Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Џон Хердман: „Видовме дека сме фудбалска нација“
    Фудбал

    Џон Хердман: „Видовме дека сме фудбалска нација“

    risteBy riste24/11/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на канадската фудбалска репрезентација Џон Хердман го коментираше натпреварот на Светското првенство во Катар 2022 година со репрезентацијата на Белгија (0:1).

    „Ја направивме земјата горда. Моите играчи денеска покажаа зошто сме тука. И нашите навивачи беа неверојатни. Видовме дека сме фудбалска нација. Целта беше да се игра без страв и прво да се постигне гол. Не успеавме, но навистина сум горд на моите играчи. Мора да продолжиме да се држиме заедно и да веруваме во успех. Се надевавме дека пеналот ќе ни помогне да напредуваме. Горд сум на тоа како Алфонсо Дејвис ја презеде одговорноста во време кога цела земја чекаше гол. Бевме блиску до отворање на резултатот, но тоа не беше наш ден. Тибо Куртоа е добар голман… Имавме шанси, но противниците имаа голман на Реал Мадрид на голот… Имавме многу шанси, не можам да се пожалам. Сега треба да го оставиме овој натпревар зад себе, да научиме од него и да ги истакнеме позитивните страни. Ни претстои важен натпревар против Хрватска. Идните противници ќе не почитуваат, сигурен сум во тоа “, изјави селекторот на Канада.

    Светското првенство во Катар е второ во историјата за канадската репрезентација. Во следните натпревари Канаѓаните ќе се сретнат со селекциите на Хрватска и Мароко.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.