Американскиот тенисер Џон Изнер најави дека УС Опен ќе биде последно натпреварување во неговата професионална кариера.
Американецот реши дека е вистинско време да се повлече од спортот на 38 години, на местото каде што пред 16 години дебитираше на големата сцена.
„Во кариерата на секој спортист доаѓа момент кога велат дека е време да си замине. Моето време дојде. Не беше лесно, но мислам дека ова е најдобриот начин да се оди. Кога го напуштив Универзитетот во Џорџија, не ни сонував дека ќе играм професионален тенис цели 17 години“, изјави Изнер.
Во кариерата оствари 488 победи, а најголем успех му беше титулата на турнирот од Мастерс серијата во Мајами.