Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Џон Тери стави крај на кариерата, ќе биде ТВ аналитичар
    Фудбал

    Џон Тери стави крај на кариерата, ќе биде ТВ аналитичар

    risteBy riste22/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот капитен на Челзи и англиски фудбалски репрезентативец Џон Тери ја заврши својата кариера и ќе биде телевизиски коментатор, објави „Мирор“.

    37-годишниот дефанзивец во моментов е слободен агент по минатогодишниот настап во втората лига во тимот на Астон Вила. Тој одлучи да стави крај на фудбалската кариера , но нема да работи како тренер, туку ќе ги покаже своите квалитети на телевизија.

    Спортскиот канал „Скај спортс“ понудил да го ангажира Џон Тери во својот тим како фудбалски аналитичар и експерт на местото на Тиери Анри, кој сака да се фокусира на тренерот професија.

    Џон Тери ја помина речиси целата своја професионална кариера во Челзи, за кој одигра 717 натпревари, а притоа постигна 67 гола во периодот 1998-2017 година.

    Со Лондончани тој ја освои пет пати титулата во Премиер Лигата и ФА Купот на Англија , додека Лига купот го освои три пати. Супер Купот на Англија го освои двапати, а по еднаш беше носител на трофејот во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер

    28/03/2023

    Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем

    28/03/2023

    Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција

    28/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.