Лестер денеска и официјално потпиша договор со дефанзивецот Џони Еванс, кој претходно играше за Вест Бромвич Албион. Според официјалната веб-страница на “лисиците”, договорот со 30-годишниот фудбалер е потпишан на три години.
Клубот не ги открива финансиските детали од договорот, но според британските медиуми, Лестер ќе плати 3,5 милиони фунти за трансферот на Еванс.
Минатата сезона, дефанзивецот одигра 28 натпревари во Премиер Лигата, во кои постигна два гола и направи две асистенции. Еванс исто така играше за Манчестер Јунајтед, Антверпен и Сандерленд.