Дефанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс, го продолжи договорот до 2023 година. Тој од 2011-та игра на „Олд Трафорд“ откако беше купен од тимот на Блекбурн за 18 милиони евра.
„Пресреќен сум што потпишав нов договор. Манчестер Јунајтед е голем дел од мојот живот. Мораме да се подготвиме за збиениот распоред што не очекува“ – изјави Џонс.
„Сакам да му се заблагодарам на раководството што ми овозможи да останам. Јас сум среќен во Јунајтед“ – потенцираше дефанзивниот фудбалер на „црвените ѓаволи“.