Британскиот премиер, Борис Џонсон и честиташе на фудбалската репрезентација на Англија за победата против Украина во четврт-финалето на Евро 2020.
„Одличен настап за Англија вечерва. Сите ќе бидеме со вас во полу-финалето. Вратете се дома“ – напиша на социјалната мрежа –„Твитер“, Премиерот, Џонсон.
Мечот меѓу „Гордиот Албион“ и Данска ќе биде одигран на 7 јули (среда) на Вембли во Лондон пред 60 000 гледачи.

