Напаѓачот на Верона, Џовани Симеоне стана глабна трансферна цел на Наполи. Ова го објави новинарот Николо Шира на Твитер.
Според изворот, Наполи веќе ги договорил условите на договорот со Џовани Симеоне. Сега клубот од Неапол активно преговара со Верона. Се работо за договор за позајмица со можност за купување. Џовани Симеоне минатата сезона беше најдобар стрелец на Верона во Серија А. Напаѓачот постигна 17 гола во италијанското првенство. Тој заврши на четвртото место на листата на голгетери во Серија А, изедначен со напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.
Исто така, 26-годишниот Аргентинец успеа да постигне шест асистенции во изминатата сезона во Серија А. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на напаѓачот на 17 милиони евра.