Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се договорија за трансфер на играчот од средниот ред Џуд Белингам во шпанскиот клуб, објавија шпанксите медиуми.
Според истите, оваа зделка ќе биде една од најголемите во историјата на двата клуба. Трансферот на Белингем ќе надмине 100 милиони евра.
Исто така се напоменува дека за да се заврши трансферот, Белингем може да помине само медицински преглед. Тоа ќе се направи во наредните денови. Белингем (19) оваа сезона одигра 31 натпревар за Борусија Дортмунд, постигнувајќи осум гола и пет асистенции.
Борусија Дортмунд на крајот од сезоната заврши на второто место во Бундеслигата, зад Баерн Минхен со ист број на бодови но послаба гол разлика. Претходно медиумите објавија дека Белингам се простил од своите колеги во Борусија. Во 2021 година, англискиот играч од средниот ред го освои Купот на Германија со Борусија Дортмунд.