Џузепе Јакини беше назначен за тренер на италијанскиот фудбалски клуб Емполи, откако вчера се разделија со Аурелио Андреацоли.
Андреацоли, кој го предводеше клубот при промоција во Серија А минатата сезона, беше отпуштен по поразот од 1:5 од Наполи во петокот. Андреацоли го напушти Емполи со само шест освоени поени во 11 натпревари.
Јакини кој има 54години последен пат го водеше Сасуоло. Претходно тој беше тренер на Киево, Бреша, Сиена, Палермо, Удинезе и други екипи.