Кристијано Роналдо ќе биде подготвен за натпреварот со Ајакс во 1/4 финалето од Лигата на фудбалските шампиони закажан за в среда во Холандија, објавија денеска медиумите во Италија.
Португалецот за краток период ја санираше повредата заработена на мечот со Србија и полека се вклучи во тренинг процес. Неговиот соиграч Емре Чан, најверојатно ќе го пропушти мечот во Амстердам. Тој има проблеми со глуждот а лекарскиот тим на „бјанконерите“ проценува дека ќе мора да мирува и во наредниот период.
Неговото место ќе го заземе Сами Кедера, кој по еден месец пауза, се врати на викенд дербито со Милан во Серија „А“. Што се однесува до Пауло Дибала, Марио Манџукиќ, Леонардо Спиназола и Матија де Шилио, тие ќе бидат на списокот за гостувањето кај Ајакс.