Килијан Мбапе експресно ја демантираше веста дека направил список на фудбалери кои треба да си заминат од „Паркот на принцовите“ во текот на летниот трансфер период.
Откако младиот Французин ја продолжи соработката со ПСЖ, медиумите излегоа со објава дека Мбапе ќе има отворени раце да учествува во креирањето на тимот.
Сега Мундо Депортиво, наведува дека на така наречената „црна“ листата се тренерот Маурисио Покетино, бразилската ѕвезда Нејмар, Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Тило Келер, Леандро Паредес, Андер Ерера, Данило Переира, Хуанезе Переира, Пабло Сарабија, Колин Дареа, Серхио Рико и Ливеин Курзава