Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, откри дека во 2019 година добил понуда да замине во Кина, но, челниците на „кралевите“ не му дозволиле да направи трансфер.
Тој сега се надева дека конечно ќе може да ја напушти Шпанија и да се врати во Премиер-лигата бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Репрезентативецот на Велс кој не влегува во плановите на тренерот, Зинедин Зидан, практично е во тивка војна со челниците од „Сантијаго Бернабе“.
„Сакам да играм таму каде што ќе бидам ценет, Англија е секогаш опција“ – потенцирал брзоногиот фудбалер.
