Еден од фудбалерите кои го освоија трофејот во Лигата на Европа, Еден Азар, беше избран за фудбалер број 1 за минатата сезона.
Белгиецот, кој тогаш играше за Челзи, постигна два гола и направи една асистенција за триумфот од 4:1 над Арсенал во финалето. Азар доби 340 поени во анкетата – повеќе од вкупниот број на следните двајца на оваа ранг листа Оливие Жиру (199) и Лука Јовиќ (94).
Има уште тројца играчи на Челзи во топ 10 – Н’Голо Канте, Вилијан и Педро Родригез. Во текот на летото, Азар се пресели во Реал Мадрид и во новата сезона ќе учествува во Лигата на шампионите.