Мега трансферот на Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид конечно доби потврда од „кралскиот клуб“. Играчот кој беше во центарот на вниманието пред стартот на овој преоден рок Азар и дефинитивно се сели на „Сантијаго Бернабеу“ каде ќе ја продолжи кариерата во наредните пет години.
Зинедин Зидан го дочека засилувањето кое го посакува многу одамна, поточно од 2010 година. Белгискиот репрезентативец е четвртиот новајлија на Реал Мадрид по Милитао , Јовиќ и Родриго.
Еден Азар пристигна во Челзи во 2012 година од Лил и освои две титули во Премиер лигата, а се израдува и на трофејот во Лига Европа пред неколку недели откако победија во финалето со Арсенал.
Трансферот ќе биде во висина од околу 100 милиони, кои со дополнителни бонуси би можеле да ја искачат сумата на 140 милиони евра.
Претставувањето на Белгиецот е закажано за 13 јуни, кога треба да ги помине и лекарските прегледи во Мадрид. Што се однесува до платата која ќе ја добива во новиот клуб, таа ќе биде 15 милиони евра по сезона.