Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар денеска тренираше со останатиот дел од екипата на мадридскиот тим.
Најверојатно, Белгиецот ќе биде вклучен во пријавените за натпреварот од шпанското првенство со Атлетик Билбао, кој ќе се одигра утре, 1 декември.
Да потсетиме дека Азар ги пропушти последните натпревари на Реал Мадрид поради гастроентеритис. По доаѓањето во Реал Мадрид во летото 2019 година, Белгиецот редовно е надвор од терените поради повреда. Поради овие повреди, Азар пропушти голем број на натпревари. Оваа сезона Еден Азар одигра 10 натпревари во Ла Лига за Кралскиот клуб од Мадрид и има само една асистенција.
Дефанзивецот Давид Алаба може да го пропушти мечот со Атлетик, не тренираше во главната,а дефинитивно нема да играат повредените крилни играчи Родриго и Герет Бејл.

