Помалку заборавениот Еден Азар изненадувачки се опорави од повредата и беше вклучен во групата на Реал Мадрид за гостувањето кај Борусија (Менхенгладбах) во Лигата на шампионите кое е на програмата во вторник.

Напаѓачот лекуваше повреда на десниот скочен зглоб и го немаше повеќе од три недели. Во овој период, тој дури и престана да оди во клубот. Пред извесно време, весникот „Марка“ дури предвидуваше дека Азар ќе биде аут до средината на ноември. Од списокот на Зинедин Зидан отпаднаа повредените Начо Фернандез, Алваро Одриосзла, Даниел Карвахал, Мартин Одегард и Маријано Дијаз.
Реал започна во групите во Лигата на шампионите со пораз на домашен терен против Шахтјор (Доњецк) 2:3, додека Борусија одигра нерешени 1:1 со Интер во Милано.
