Фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо е единствениот играч на „каталонците”, кој може да добие медал од Лигата на Шампионите уште оваа сезона.
Ова може да се случи, ако Ливерпул триумфира како шампион на Европа, бидејќи Бразилецот играл во пет од шесте натпревари на Ливерпул во групната фаза на Лигата на шампионите, во кои постигна 5 гола и им помогна да продолжат во следната фаза на турнирот.
Според правилата на УЕФА тимот кој ќе победи во ова натпреварување има право на 40 златни медали кои се доделуваат на клубот. Така при триумф „црвените” сами треба да одлучат дали ќе му дадат медал на Кутињо.
Да потсетиме дека Бразилецот отиде од Ливерпул во Барселона оваа зима за повеќе од 140 милиони евра.