Голманот на Манчестер Сити, Едерсон постави рекорд во Лигата на шампионите како најбрз голман кој стигнал до 50 победи.
Синоќа, Манчестер Сити се сретна со Јанг Бојс во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите и оствари сигурна победа со резултат 3:0. Граѓаните по четири натпревари се водечки во групата Г со 12 бода. Благодарение на победата над швајцарскиот тим, голманот на Манчестер Сити, Едерсон, стана осмиот голман кој стигнал до 50 победи во најпрестижното европско клубско натпреварување, а прв на 75 одиграни натпревари.
Во Бенфика, бразилскиот голман победи на четири натпревари, а во Манчестер Сити – 46. Едерсон им се приклучи на „граѓаните“ во 2017 година, откако премина од Бенфика. Минатата сезона Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Интер во финалето.

