Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, имал некоректен однос кон фановите на Арсенал на вечрашното дерби на сезоната во Премиер лигата.
Неговиот тим славеше со 4-1 а токму по последниот погодок на Ерлинг Халан, домашниот чувар на мрежата ги исмеваше фановите на „топчиите“ кои беа зад неговиот гол.
„Граѓаните“ кои со вчерашниот триумф се доближија до Арсенал на два бода, треба да одиграат два заостанати меча. Доколку ги добијат, тогаш веројатно ќе ја освојат и титулата.