Голманот на Манчестер Сити, Едерсон Мораеш потпиша нов договор со клубот, кој ќе трае се до летото 2025 година. Веста ја потврдија од Сити на официјалната веб-страница на клубот.
„Се надевав на ваков развој, но не мислев дека ова ќе се случи толку брзо!” За една година, во една сезона имаше толку многу, но јас се подготвував за ова. Многу сум среќен што ќе играм за Манчестер Сити долги години. Ова е мојот сон“, изјавил Едерсон по потпишувањето на новиот договор.
Едерсон дојде во Манчестер Сити од Бенфика минатото лето.