Тренерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека нема пријатели меѓу тренерите на противничките екипи. Неговите зборови доаѓаат пред дербито со Ливерпул предводен од Јирген Клоп.
„Не сум близок со ниту еден ривалски менаџер. Тешко ми е да негувам пријателство со конкурент“ – потенцираше Хау на средбата со новинарите.
Неговиот тим ќе ги пречека „црвените в недела во 17.30 часот. Њукасл има победа и пораз во првите две кола додека Ливерпул стартуваше со победа и реми.