Босанскиот напаѓач во редовите на Рома Един Џеко ќе го продолжи договорот со Рома до 2021 година, објави „Калчомеркато“.
Интересно, платата на играчот ќе се намали од 4,5 на 4 милиони по сезона. 32-годишниот фудбалер веќе размислува за својата кариера по фудбалот, бидејќи стана јасно дека дипломирал на Одделот за спортски менаџмент на Универзитетот во Сараево каде полагаше испити во последните три години.
Со оваа диплома, напаѓачот ќе може да работи како спортски директор по завршувањето на својата активна фудбалска кариера.