Техничкиот директор на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ ќе биде назначен за главен тренер на клубот, соопштија медиумите во Дортмунд. Според истите, двете страни се договориле за условите. Претходно, отказ доби и тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Розе. Розе (45) дојде во Дортмунд летото 2021 година. Розе беше во Борусија Менхенгладбах од 2019 година.
Претходно беше тренер на Ред Бул Салцбург со кој двапати стана шампион на Австрија и еднаш го освои Купот на Австрија. Пред почетокот на сезоната 2021/2022 Терзиќ беше назначен за технички директор на клубот, но првично беше планирано тој да му се приклучи на стручниот штаб на Розе.
Под водство на Терзиќ, кој беше именуван за привремен тренер на Борусија Дортмунд по отпуштањето на Лусиен Фавр во 2020 година, оваа екипа го освои Купот на Германија.