Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Едисон Кавани нема поим каде ќе игра оваа сезона
    Фудбал

    Едисон Кавани нема поим каде ќе игра оваа сезона

    risteBy riste21/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани изјави дека нема поим каде ќе игра во новата сезона. 35-годишниот играч е слободен играч откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед истече на крајот на јуни, но тој допрва треба да потпише со друг тим. Според печатот во Шпанија и Франција, интерес за него има од Валенсија и Виљареал, како и од Ница.

    „Во моментов не знам каде ќе играм оваа година. Се чувствувам одлично, но така е во фудбалот. Важно ми е да стигнам до место каде што навистина ќе бидам посакуван и да добијам самодоверба”, изјави Кавани.

    Во текот на изминатите две сезони, Уругваецот доби малку шанси да настапува во Манчестер Јунајтед поради честите повреди и присуството на други ѕвезди во нападот на „црвените ѓаволи“. За време на неговиот престој на „Олд Трафорд“, тој постигна 19 гола на 59 натпревари, но само два од неговите гола беа постигнати во последната сезона.

    Кавани во кариерата има вкупно 372 гола на 645 натпревари за Данубио, Палермо, Наполи, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.