Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани откри зошто повеќе сака да носи долга коса.
„Чудно е, ова е прашање што често го слушам меѓу моите пријатели и семејството кога ме прашуваат: „Дали можеш да се замислиш со кратка коса, Еди?“ „Еди, дали некогаш си помислил да се потстрижиш?“ Така, оваа тема се појавува доста често кога комуницирате со пријателите и семејството. И не знам, не сум сигурен. Имав кратка коса до 15 години кога решив да патувам во Монтевидео, главниот град на Уругвај, да играм фудбал. Тогаш почнав да ја чувам косата долга, сe до денес.
Само помислете, имам долга коса скоро 20 години. Како што реков претходно, не знам дали ќе ја скратам. Не гледам причина за тоа, бидејќи навистина ми се допаѓа кога имам долга коса и не можам да се замислам со кратка коса. Мислам дека ова има многу врска со фактот дека кога бев дете, мајка ми секогаш ми ја стрижеше косата за да немам вошки. Мислам дека мајка ми не сакаше да ги вади од коса, па затоа само ми ја избричи главата! Тоа воопшто не ми се допадна и делумно беше причината зошто не сакам да се потстрижам и веројатно никогаш нема да го направам тоа додека не остарам! “ – изјави Кавани во интервју за прес -службата на Манчестер Јунајтед.