Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани ќе го напушти клубот ова лето со слободен трансфер, соопшти инсајдерот Фабрицио Романо.
„Црвените ѓаволи“ нема да му понудат нов договор на 34-годишниот фудбалер. Кавани сака да се испроба во Ла Лига, каде што се уште не играл. Агентите на Уругваецот ќе се обидат да му најдат клуб во Шпанија. Но, Кавани нема да ја донесе конечната одлука сега, туку во наредните месеци.
Единсон Кавани нема намера да се пресели во Ривер Плата во Аргентина. Претходно беше објавено за интерес од овој клуб.
Да потсетиме дека Кавани се пресели во Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година на слободен трансфер. Напаѓачот оваа сезона забележа 11 настапи во Премиер лигата, постигна два гола и даде една асистенција.